КАТЕДРА ЗА ХИДРАУЛИКА, ХИДРОЛОГИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА ВОДОТЕЦИТЕ
Добродојдовте на интернет сајтот на > За Катедрата

За Катедрата

Катедрата за Хидраулика, Хидрологија и уредување на водотеците

 

Хидрауликата и Хидрологијата, како научни дисциплини, во нашата земја се присутни веќе 60 години. Предавањата од оваа област започнаа во 1949 година со формирањето на Факултетот за технички науки во Скопје.   Катедрата за хидраулика, хидрологија и уредување на водотеците е формирана како една од трите специјализирани единици  од областа на хидротехниката на Градежниот факултет во 1995 година.

 

Во моментот активни членови на катедрата се:


·         Вон. проф. Д-р Виолета Ѓешовска

·         м-р Драган Иваноски

и демонстраторите:

Бојан Илиоски (студент на втор циклус) 

Александар Божинов (студент на втор циклус)

Балерија Станоевска (студент на втор циклус)

 

Во образовниот процес кој се одвива на Градежниот факултет, Катедрата покрива повеќе предмети на студиските програми од првиот и вториот циклус на студии.

На студиската програма по градежништво (прв циклус) ги покрива следниве испити:

·         Механика на флуиди

·         Хидраулика 

·          Хидрологија

·         Уредување на водотеци

 

На студиската програма по градежништво (втор циклус-хидротехничка насока) ги покрива следниве испити:


 Хидрометрија

Параметарска хидрологија

Уредување на водотеците

Стохастичка Хидрологија

Реставрација на речни сливови

Физички модели во хидротехничкото инженерство


На студиската програма по градежништво (трет циклус-хидротехничка насока) ги покрива следниве испити:


 Физички модели во хидротехничкото инженерство


На студиската програма по геотехника (прв циклус):

·         Хидрологија и уредување на водотеци

 

На студиската програма по геодезија (прв циклус):

·         Основи на хидротехника

 

Во одредени периоди Катедрата држела предавања  по одредени предметни програми и на други факултети и институции:

 

На Интердисциплинарните студии по животна средина на Машинскиот факултет-Скопје

·     Водни ресурси, површински и подземни текови

 

На студиите за Животна средина и ресурси во рамките на ТЕМПУС програмата за заеднички студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и Универзитетот во Фиренца

·      Хидрологија и хидротехнички објекти