Почитувани студенти,
Нашата комуникација за останатиот дел од семестарот ќе се одвива на Piazza.
Колку побргу почнете да поставувате прашања на Piazza (наместо на e-mail), толку побргу ќе може да го употребите колективното знаење на вашите колеги, асистенти и професори за полесно и поуспешно совладување на материјалот по предметот Механика на флуиди. Ве охрабруваме да поставувате прашања секогаш кога ќе наидете на одреден проблем поврзан со материјалот.
За одвивањето на наставата по предметот Механика на флуиди и се што е поврзано со програмските задачи, колоквиумите и испитите, ќе бидете дополнително известени.
Поздрав!